BMW Group ги објави резултатите од продажбата за првите три месеци од 2021 година и податоците покажуваат дека бизнисот на гигантот е зголемен за 33,5% до 636.606 возила во споредба со истиот период во 2020 година.
Од BMW Group известуваат и за уште посериозно подобрување на пазарните перформанси на својата марка BMW, која во првите три месеци од 2021 година оствари продажба од 560.543 возила или 36,2% повеќе отколку во првиот квартал од минатата година.
Главен мотор во деловната активност на BMW се претставниците на семејството Х, кое порасна за 36,5% до продадени 246.068 единици. Сепак, и серија 3 и серија 5 уживаат сериозен интерес со зголемување од 43% и 43,6%, соодветно.
Производите на MINI (+ 16,2% до 74 683 единици) и спортската поделба на BMW M GmbH (+ 21% до 37,896) се исто така многу барани.
Oд BMW Group известуваат и за значително зголемување од речиси 130% (до 79.207 единици) на побарувачката за производи од своето електрифицирано портфолио (100% електрични и plug-in хибриди на полнење), а Rolls-Rpyce и BMW Motorrar ги поддржуваат деловните перформанси на групацијата со соодветно 1380 единици (+ 61,8%) и 42.592 единици (+ 22,5%).