BMW го објави новиот бренд идентитет преку промена на официјалното лого како и назнаките M и I.
Како производител кој често го менува логото, BMW сега го претстави најновото кое во суштина го задржува препознатливиот бело-син круг прикажувајќи го знамето на Баварија. Тука се и буквите BMW кои се во друг фонт. Во измената е и прстенот кој сега не е црн и е повеќе транспарентен.
Покрај логото, германскиот производител ја промени и назнаката односно логото за најмоќните автомобили. Така буквата “М” доаѓа во малку изменет стил.
Ново лого добива и ознаката за електричните и plug-in хибридните автомобили. Така нова 2D интерпретацијата добива и буквата “I”.