На интернет се појави првиот рендер од хибридниот супер автомобил кој BMW го подготвува како конкурент на Lamborghini, Ferrari и McLaren.
Овој рендер доаѓа по изјавата на Клаус Фронхлих, член на одборот на BMW за развој на нови производи. Тој за британски магазин кажа дека како инжинер посакува да создаде супер спортски автомобил, а потоа додаде уште неколку детали најавувајќи електрична изведба под знакот “M”.
Според пишувањата на повеќе влијателни авто магазини, новиот супер автомобил ќе се појави во текот на 2023 година, а ќе се базира на новата платформа на BMW наменета за електричните автомобили.
Засега нема официјална потврда од BMW за овие изјави на Фронхлих, а производителот од Минхен ниту ги отфрла овие изјави.