Моделот BMW 507 од 1957 година е продаден за 3.8 милиони фунти. Како што и беше најавено, специјализираната компанија за организирање на аукции Bonhams, на фестивалот за брзина во Гудвуд организираше аукција на која беше продаден овој многу редок модел на BMW.
Почетната цена на аукцијата изнесуваше 2 милиони фунти, а очекувањата беа дека овој автомобил ќе се продаде за 2.5 милиони фунти. Сепак на крајот овој автомобил е продаден за точно 3.809.500 фунти што го прави најскапо продадено BMW во историјата.
BMW 507 за прв пат се појавува во 1956 година и до 1959 година се произведува во Милбертшофен (Германија). Во овој период произведени биле вкупно 252 автомобили, а денес, 60тина години подоцна речиси и да е невозможно да се најде овој автомобил. Оттука и причината за оваа висока цена.