BMW има акумулатори кои траат „бесконечно“

ОБЈАВЕНО НА:

Најважниот дел од функционирањето на електричните возила се батериите, односно акумулаторите. Од нивната издржливост, односно времетраење зависи и квалитетот на возилото. Секоја компанија сака да понуди батерии што ќе бидат поиздржливи и ќе имаат подолг век на траење, па и побрзо што ќе се полнат.

Компанијата BMW објави дека има акумулатори коишто можат да бидат функционални дури 15 и повеќе години. Информациите велат дека во пракса акумулаторите се покажуваат со долго траење и успеваат да го покријат целиот период на експлоатација на електромобилите,

Според должината на функционалноста се спојуваат со моторите со внатрешно согорување. Од компанијата велат дека нивните акумулатори можат да траат и повеќе од 15 години, а после овој период се намалува капацитетот на 70 до 80 проценти што е доста прифатливо.

Oд BMW следат што ќе се случува со акумулаторите на веќе продадените електромобили. При нивната изработка се користат материјали кои не се токсични како литиум, никел и мед.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK