Познатиот германски производител на автомобили BMW се одлучи да се проба во секторот на алтернативни превозни средства лансирајќи електричен скутер. Скутерот кој беше претставен на јавноста располага со 230 V батерија која во целост може да се наполни за 2,5 часа, а при тоа достигнува автономија од речиси 30 км.
Максималната брзина коај може да се постигне изнесува 20 км/ч што го прави идеален за патувања на кратки и средни релации, особено во градови со метеж, но и развиени велосипедски патеки.
https://youtu.be/rF7GisC1Of0
Во Германија веќе е достапен за продажба, а во наредниот период се очекува да биде достапен и во останатите земји. Овој електро скутер во Германија се продава за речиси 3 илјади евра, а купувачите може да изберат една од четирите достапни бои.