BMW бара пониски европски царини за увоз на возила од САД

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили BMW ги повикува носителите на одлуки во Брисел да ги намалат царините за увоз на автомобили од САД.
Тие во моментов изнесуваат 10 отсто, додека европскиот увоз на возила во САД подлежи на царини од 2,5 отсто. „Време е да се израмни теренот за игра“, изјави извршниот директор на BMW, Оливер Зипсе.

Повикот на Зипсе доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп и се заканува на ЕУ со нови царини, пренесува француската новинска агенција АФП.

Извршниот директор на германскиот производител ќе го претстави овој предлог во четврток на состанокот на најголемите европски производители на автомобили со носителите на одлуки во Брисел. Ова е прв состанок како дел од иницијативата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на која ќе се бараат решенија за индустријата која е зафатена со бројни проблеми.

Како што рече Зипс на економскиот форум во Берлин организиран од весникот Велт, царините ја попречуваат слободната трговија, ја забавуваат иновативноста и предизвикуваат негативна спирала. „Затоа треба да зборуваме за намалување, а не за зголемување на трговските бариери“, ги резимира АФП неговите зборови.

Тој ја повика ЕУ да ги намали тарифите за увоз на возила од САД на 2,5 отсто, исто како тарифите за увоз на европски возила во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK