Безбедноста на патиштата е разнишана – годишно по 10.000 глоби за возење без возачка

ОБЈАВЕНО НА:

МВР постојано спроведува контроли на патиштата и секојдневно полициските билтени се полни со информации за казнети учесници во сообраќајот, за неисправни возила, за пијани возачи и за подигнати автомобили со помош на пајак. Но, загрижува податокот што голем е бројот на оние што се решаваат да возат и да бидат дел од сообраќајот, а притоа да немаат положени возачки испит.

Податоците на МВР покажуваат дека околу 10.000 лица годишно се санкционираат затоа што управуваат моторно возило без возачка дозвола. Тоа е сериозна бројка која укажува на голема небезбедност на патишатата. Додека вие внимавате, од спротивната страна доаѓа некој што нема положено возачки испит.

Најголем број од „возачите“ без возачка дозвола се млади момчиња и девојки. Голем дел од нив се малолетни лица, кои се сметаат за зрели учесници во сообраќајот, но незрели да полагаат и да добијат соодветна возачка дозвола. Овие млади и малолетни лица, најчесто возат семеен автомобил што нивните родители, без да размислат, гордо ѝм го позајмуваат.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со моторно возило во сообраќајот на патот самостојно може да управува само лице кое има важечка возачка дозвола издадена во Република Македонија, странска возачка дозвола или меѓународна возачка дозвола, во која е впишана категоријата во која припаѓа моторното возило.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот што ќе вози без возачка.
Ако годишно има по 10.000 санкционирани возачи тоа значи дека МВР наплатува по 3.000.000 евра само за ова казна. Но, парите се неспоредливи во однос на безбедноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK