Германскиот производител ги заврши преговорите со Французите, што значи дека сега можеби ќе треба самостојно да развие сопствено електрично возило со поволна цена. Renault ќе продолжи со електричен проект Twingo, чија продажба треба да започне во 2026 година.
Двете компании одбија да ги коментираат наводите, но Германците потврдија дека сè уште ги проучуваат нивните опции за развој и лансирање на евтино возило со батерии со големина за во град.
И Renault и VW се надеваа дека делењето на „работата“ ќе ги намали трошоците, кои се клучна пречка за европските производители на автомобили пред поевтините автомобили од Кина. Сепак, по неколкумесечни преговори, овие компании не успеаја да постигнат договор, пишува Automotive News Europe повикувајќи се на два неименувани извори.
Еден од изворите вели дека договорот бил многу блиску до реализација, но дека Германците биле тие кои ги напуштиле преговорите и на тој начин решиле да тргнат по независен пат во развојот на сопствен автомобил. Можеби во меѓувреме ќе најдат поповолна опција или партнер со кој ќе го реализираат овој проект.
Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, потврди на Саемот за автомобили во Женева во февруари дека францускиот производител е во преговори со VW за партнерство за развој на евтин електричен мини автомобил.
Де Мео потоа рече дека Renault во исто време разговарал и со други потенцијални партнери, без да ги именува и дека ќе продолжи со проектот со или без нив. Renault планира да лансира целосно ново електрично Twingo веќе во 2026 година со целна цена под 20.000 евра.
Главниот извршен директор на германската марка, Томас Шефер, претходно изјави дека е отворен за партнерства што ќе помогнат да се намали малопродажната цена на новиот мал EV под 20.000 евра. VW заостанува во трката за мали електрични автомобили кои по цена ќе се натпреваруваат со конвенционалните модели, за да избегне губење на пазарот од кинеските компании кои допрва треба да го освојат европскиот пазар со евтини електрични возила.
Извор: Seebiz