Имањето на автомобил со мал простор за багаж е секогаш проблем особено кога треба некаде да се патува, па затоа се бараат нови начини за да може да се понесат сите работи кои се потребни. Затоа веќе се појавуваат нови изуми, а еден таков е багажник на дување.
Багажниците на кровот на автомобилот се особено корисни и практични особено кога има потреба да биде пренесуван предмет со поголеми размери. Инвестицијата во метален багажник е трошок. Парите не се малку, но таков додатен елемент на автомобилот може да се корсити еднаш или само неколкупати годишно.
Британската компанија Ultix Outdoors тврди, дека има евтино и компактно решение за проблемот. Се работи за багажник на дување Tair Rack, кој се монтира за само 5 минути без потреба од штрафцигер, клуч или други алатки за негово прицврстување.
Изработен е од исклучително цврсти материјали и се фиксира со помош на ремени, а кога не се користи може да стои во багажникот на возилото бидејќи не зазема воопшто место. Цената за нарачка предвреме во платформата за колективно финансирање на Kickstarter е 56 евра.