Компанијата TuSimple, која се занимава со развој на автономни камиони, изведе потфат превезувајќи полна приколка со лубеници од Аризона до Оклахома. За време на патот долг 1.528 километри, 80 проценти од патот автономниот систем на камионот ја премина сам.
Возачот кој сето време беше во кабината подготвен да преземе контрола доколку технологијата откаже послушност ги помина другите 20 проценти од патот. Автономниот систем TuSimple е оптимизиран за возење по автопат, па затоа на другите сообраќајници му е потребна помош од возачот.
Со оглед на тоа дека возачите на „класични“ камиони мора редовно да одмораат, како и тоа да застануваат поради храна и вршење на нужда, патувањето со автономен камион траеше околу 10 часа, пократко отколку стандардното возење со возач зад воланот.
Кај робата како што се лубениците, важно е да стигнат свежи, па TuSimple тврди дека воведувањето на брз автономен транспорт би го зголемило приходот на земјоделците и трговците додека купувачите би купувале свежа роба. Компанијата веќе има дваесетина клиенти кои се потпираат на нешто поедноставни полуавтономни камиони.