Уште во 2019 година Тesla патентираше технологија, која следи дали правилно е поставен ременот во автомобилот. Иако тоа се случи пред две години од компаниаја уште го немаат искористено системот и тој не е вграден сериски во новите модели на брендот.
Изгледа дека во скоро време тоа може да се смени, откако блиски извори на Маск откриваат, дека зачестија инцидентите со автомобилите на Tesla и има сè повеќе случаи во кои луѓето неправилно ги поставуват ремените, окако едноставно го поместуваат горниот дел и седат на долниот или, пак, само ги закопчуваат и седат на нив.
Технологијата ќе смета на редица сензори на ремените и седиштата, кои ќе имаат за цел да ги спречат, а покрај тоа ќе се појавува и предупредувачки натпис на таблата. Некои гласини велат дека автомобилите дури нема да можат да бидат стартувани во овие ситуации.