Автомобили на иднината – ќе препознаваат лица, години, пол…

ОБЈАВЕНО НА:

Замислете се возите во автомобил, а тој има способност да дознае многу работи за вас и тоа за само неколку секунди. Звучи како научна фантастика?

Не, воопшто не е нешто невозможно или дел од научната фантастика. За тоа да е така се погрижи компанијата Eyesight Technologies од Израел коај го разви т.н. CabinSense системот.

Станува збор за технологија која со помош на сензори ги скенираат и анализираат патниците во автомобилот. Со помош на овие сензори за само неколку секунди системот има информација за полот, (приближната) возраст, тежината и позицијата на седиштето.

Иако CabinSense може да се искористи за подобрување на безбедноста, сепак како недостаток се потенцира можноста од злоупотреба на податоците и искористувањето на оваа технологија за прибирање на други, приватни и доверливи податоци.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK