АВТО ТУРИЗАМ: Доаѓаат за да возат брзо на автопатиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Туризам најчесто има на местата каде има мориња или езера, на планини или градови во кои може да се видат интересни зданија. Но, постојат и такви луѓе кои би платиле за да возат брзо на автопат. Таквите делници се дизајнирани да овозможат брзо возење, но често нè совладува стравот од казни кога сакаме да го допреме гасот до крај.

Стискање педал до „даска“ е можно е една земја во Европа, во Германија. Таму е дозволено на одредени делници да се вози без ограничување.

Истражувањата јасно покажаа дека поставувањето ограничувања на брзината може значително да ги намали емисиите на стакленички гасови за околу два милиони тони годишно, германските власти сè уште не ја разгледуваат сериозно оваа опција. Но, што се крие зад оваа необична одлука и зошто нема ограничувања на брзината на германските автопат?

На германските автопат, познати како „Автобан,“ навистина нема универзално ограничување на брзината како што често има во другите земји. Ова е последица на специфична легислатива и долг историски контекст, но пред се национален интерес кој ја нагласува промоцијата на германската автомобилска индустрија, технологија и туризам.

Многу туристи од целиот свет доаѓаат во Германија за да искусат возење по автопати без ограничување на брзината. Интересно е тоа што има дури и специјални пакети за патување од богати светски дестинации, вклучително и Јапонија, Кина, арапските земји и САД, каде по автопатот возат супербрзи автомобили со модели како Ferrari, Bugati, Lamborghini, Mercedes, Audi, BMW.

Се проценува дека Германија генерира импресивни 10 милијарди евра годишен приход само врз основа на ова туристичко искуство.
Германските автопати често се широки и прави, што им дава на возачите поголема контрола и го намалува ризикот при големи брзини. Покрај тоа, оваа европска земја има богата традиција на обука на возачи и возење. Возачите се обучени за високи безбедносни стандарди и вештини за возење со голема брзина.

Иако не постои универзално ограничување на брзината, може да се применат привремени ограничувања на брзината на одредени делови од автопатиштата, означени со патни знаци или електронски информации за сообраќајот. Овие ограничувања често се наметнуваат поради лоши временски услови или работи на патишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK