Моделот Q3 на Audi од моделската година 2018 се закити со максималните пет ѕвезди на Euro NCAP краш тестот. Овој 4×4 модел опремен со 2.0 литарски TDI мотор во поглед на безбедноста на возачот односно возрасните забележа високи 95% додека во однос на безбедноста на децата резултат од повеќе од солидни 86%.
И во однос на останатите два параметри сосема очекувано Audi Q3 оствари одлични резултати. Така во поглед на безбедноста на пешаците овој модел оствари 76% додека во однос на безбедносната асистенција одлични 85%.
Земајќи ги во предвид сите краш тестови на моделите на Audi од 2009 па се до денес, овој модел оствари најдобри перфоманси. Со ова практично се докажува посветеноста на германскиот производител кон создавање на високо безбедни автомобили како за самите патници внатре во него така и за самата околина.