Доколку планирате да работите во некои од фабриките на Audi во Германија или останатите европски земји, тогаш за тоа ќе ви треба многу среќа.
Како што соопштува самиот германски производител со цел исполнување на зацртаните цели, компанијата ќе мора да отпушти дел од работниците како би заштедил неколку милијарди евра и би ги насочил кон зголемување на конкурентноста на компанијата во сегментот на електрични автомобили.
Audi до 2025 година ќе го намали бројот на вработени за 9.500, а овие вработени ќе бидат отпуштени како од производствените погони, така и од администрацијата.
Целта на компанијата е до 2029 година да ги исполнат зацртаните профитабилни цели за чие исполнување мора и да се намалат трошоците.