Audi ќе нуди поевтино полнење на електричните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јануари 2023 година, Audi ќе лансира нова програма за полнење електрични автомобили во 27 земји во Европа. Кампањата беше лансирана со помош на Volkswagen Group Charging GmBH и на клиентите ќе им понуди три планови за полнење ЕВ.

Тие ќе бидат именувани како basic, plus и pro, а секоја од нив ќе има различна цена и ќе обезбеди различна цена по полнење.

Новата услуга има за цел да им олесни на сопствениците на електрични и plug-in хибридни автомобили, кои ќе можат да го користат својот инфозабавен систем за да најдат и полнат од преку 400.000 различни точки во светот.

Заедно со ова, компанијата ќе ја додаде функцијата за лесно полнење на Q4 E-Tron и Q8 E-Tron, а тоа ќе се случи во 2023 година.

За месечна претплата од околу 10 евра, сопствениците на електрични ауди ќе добиваат повеќе од двојно пониска цена за полнење на одредени станици за полнење. Ова ги вклучува станиците на Audi и партнерските компании како што е Ionity.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK