Audi казнет со 800 милиони евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најгoлемите германски производители на автомобили Audi, казнет е со 800 милиони евра поради кршење на прописите поврзани со високозагадувачките шестцилиндрични и осмоцилиндрични дизел мотори, соопштуваат од компанијата.

“Имајќи го во предвид значењето, Audi ќе мора да ги смали главните финансиски показатели од деловното работење кои се прогнозирани за фискалната 2018 година” наведоа од Audi. Со исти прогнози околу намалувањето на финансиските показатели излезе и Volkswagen Групацијата во чии рамки функционира овој производител.

При тоа како што пренесува Ројтерс, Audi ја прифаќа паричната казна и нема да поднесе жалба на таа одлука. Со ова германскиот производител ја прифаќа одговорноста во однос на скандалот поврзан со емисијата на штетни гасови.

Овој скандал во Volkswagen Групацијата придонесе за големи финансиски загуби оваа деловна година, а истото беше проследено со бројни промени на раководните позиции како во рамките на самата Групација така и кај Audi. Така од пред извесно време, Руперт Штадлер доби отказ од позицијата генерален директор, а на негово место е назначен Брам Шот, поранешен директор на продажба во Audi кој има за цел да го надмине скандалот со дизел моторите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK