Аudi има конкурент за Mеrсеdеs-Mаybасh

ОБЈАВЕНО НА:

Континуираниот раст на популарноста на СУВ возилата постепено ги исфрла од мода големите седани. Тоа, сепак, не се однесува на германската тројка, а поконкретно за нивните водечки модели.

Mеrсеdеs се подготвува да ја претстави новата S-Klаssе, додека BMW исто така се подготвува да го промовира актуелизираниот седан од серијата 7 во 2022 година. Во моментов и Audi работи на актуелизирање на својот А8.

Ова сугерира дека големата тројка е решена да го зачува сегментот на луксузни седани во полна димензија. Се работи не само за рестајлинг верзија на А7 туку продолжена варијанта на моделот за кое сведочат и импресивно долгите задни врати.

Прототипот кој е во прашање може да е уште попосебен судејќи според лесната камуфлажа во основата на С-колоната. Многу од експертите во областа сметаат дека Audi може да го крие амблемот Hоrсh, наменет за најшик верзијата на својот флагман.

И покрај фактот дека „четирите круга“ не го потврдуваат враќањето на името на Hоrсh, вработени со висока позиција во Аudi ги открија плановите за „особено луксузно и престижно исполнување на големиот седан“.

Hоrсh e eден од четирите брендови, кои се споија и го создадоа Аutо Uniоn АG во 1932 гoдинa. Идниот автомобилски производител Аutо Uniоn GmbH e создаден во 1949 година, а во 1969 година се фузира со NSU, зa дa го фoрмирa Аudi NSU Аutо Uniоn АG. Во 1985 година компанијата го смени името во Аudi АG.

Потенцијалниот А8 Hоrсh ќе му овозможи на Аudi директно да му биде конкуренција на Mеrсеdеs-Mаybасh S-Klаssе. Исто така е познато дека сегашната генерација А8 ќе биде последниот сериски автомобил на Аudi, со погон од моќниот мотор W12.

Прототипот за иновацијата, преземен од фотошпиони, дава добра претства што може да се очекува од рестајлингот на А8 како целост. Фаровите и задните светла имаат различен вид, а решетката на ладилникот исто така е изменета.

Се очекува седанот Hоrсh да добие уникатен комплет бандажи и евентуално персонализирана решетка, но е малку веројатно дека Аudi ќе направи други значителни промени спрема А8. Истото важи и за Mаybасh S-Klаssе бидејќи има само неколку промени во дизајнот во споредба со стандардната S-Klаssе.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK