Audi го претстави новиот А1 – спортски, урбан, заводлив

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi и официјално ја претстави новата, втора генерација на нивниот најмал автомобил, А1.

Новиот А1 Sportback е за малку порасат во однос на претходната генерација лансирана во 2010 година. Така должината сега е зголемена за 56 милиметри односно изнесува 4.03 метри. Ширината останува речиси идентична и изнесува 1.74 метри додека пак висината изнесува 1.43 метри.

На предниот дел доминира маската во традиционална форма, но со нови дизајнерски црти кои за прв пат се применуваат кај овој нов модел. Новитет се и трите правоаголни отвори кои се наоѓаат помеѓу хаубата и предната маска т.е. решетка  кои дизајнерите на Audi ја имаат позајмено од легендарниот Quattro модел од далечанта 1984 година. Тука се и новите предни LED светла, со нов облик, драстично различен во однос на минатата генерација. Спортскиот карактер на овој урбан заводник е потенциран со двотонската боја, завршетоците на задниот како и страничните прагови и малиот клиренс.

Тука секако се и 18 инчните тркала, достапни во црна, бронзена и сива боја како и затемнетите задни светла кои во комбинација со сето погореспоменато придонесуваат да овој најмал модел во себе ја инкорпорира спортско-агресивната аудијева ДНК.

Спортскиот карактер е преточен и под хаубата. каде покрај стандардните TSI и TFSI мотори од 1.0, 1.2, 1.4 и 1.5 см3, ќе се наоѓа и супер моќен 2.0 литарски мотор со над 200 КС. Покрај петте бензински мотори, германските медиуми најавуваат дека овој модел сепак ќе биде понуден и со дизелски мотор, како и електрифицирана изведба која треба да се појави во 2020 година.

Во внатрешноста доминира 10.25 инчниот екран зад воланот кој исто така го среќаваме кај најновите модели на Audi и VW. Тука е и помалиот екран на допир преку кои возачот и сопатникот лесно можат да зададат најразлични команди, а исто така во целост, мултимедијално да ги интегрираат своите паметни уреди. Тука се и сите пропратни гаџети кои овозможуваат голема комфорност при патувањата, без разлика дали се на долги или кратки релации.

Иако димензионално на прв поглед изгледа мал, сепак новиот А1 Sportback е многу просторен и поудобен како за возачот така и за останатите патници. На задната клупа и покрај компактните надворешни димензии и слегувачката линија на покривот, има сосема доволен простор за главата и нозете на патниците. Тука е и капацитетот на бажот кој е зголемен за неверојатни 65 литри па така тој сега изнесува 335 литри додека максималниот капацитет со спуштени задни седишта достигнува 1.090 литри.

Според официјалните информации објавени во соопштението на Audi, овој модел ќе може да се нарача уште од ова лето, додека во салоните ширум Европа новиот А1 ќе се појави оваа есен. Почетната цена, на основниот модел ќе изнесува речиси 20.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK