Audi е најдобар според Consumer Reports

ОБЈАВЕНО НА:

Влијателниот магазин „Consumer Reports“ го рангираше Audi на првото место и го прогласи за „Најдобар автомобилски бренд за 2017 година“ според резултатите добиени од сеопфатната, голема анкета.
„Втора година по ред Audi го зазема првото место“, изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот за маркетинг и продажба во AUDI AG. и додаде: „Во 2016 година поставивме нов рекорд во САД, нашиот трет по големина глобален пазар. Ние сме исклучително почестени со ова признание и тоа е поттик да продолжиме по патот на успехот со задоволни клиенти, кои пријатно се изненадени од нашите спортски, ефикасни и целосно поврзани автомобили.“

Онлајн изданието на „Consumer Reports“ ги објави резултатите на прашањето: „Кој бренд произведува најдобри автомобили?” Истражувањето покажа: Audi е севкупен победник. Со ова истражување беа опфатени и следниве категории: тест на пат, доверба и задоволство на клиентите и безбедност.

„Consumer Reports“ дополнително ги избира „Најдобрите автомобили на годината”. На оваа листа, Audi повторно е на врвот со новиот Audi Q7 во категоријата луксузни SUV модели. „Consumer Reports“е независна американска организација која тестира, рангира и споредува секојдневни производи а резултатите ги претставува во својот билтен.

Соопштение на Порше Македонија

Следете не и на:

24AUTO NETWORK