Astra станува целосно електрична – доаѓа и караванска верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Opel го отвора следното револуционерно поглавје со новата Astra, производителот на автомобили од Риселсхајм ги објави првите слики од новата Opel Astra Electric. Брендот на тој начин ја претставува првата целосно електрична верзија на Astra.

Повеќедецениска успешна приказна на бестселерот од компактната класа и новокрунисана како „Златен управувач за 2022“. Но, тоа не е сè: во исто време со електричната верзија со пет врати, брендот богат со традиција ја претставува и новата Opel Astra Sports Tourer Electric, првиот целосно електричен караван од германски производител.

„Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric се вистински пионери: со новите електричните верзии на моделот со пет врати и на караванот, клиентите ќе имаат придобивки при секојдневните обврски во комбинација со удобноста, а пред сè без емисии и уживање при возењето. Ова е она што го мислиме кога зборуваме за разумно „позеленување“ на мобилноста“, вели Флориан Хутл, извршниот директор на Opel. „Во исто време, ние продолжуваме да ја спроведуваме нашата офанзива за електрификација. Новата Opel Astra Electric е важна пресвртница на нашиот пат да станеме целосно електричен бренд во Европа“.

Во иднина, клиентите на Opel Astra ќе можат да избираат од повеќе алтернативи на погони отколку за кој било друг модел на Opel. Покрај високоефикасните мотори со внатрешно согорување, Astra и Astra Sports Tourer се веќе достапни како електрифицирани plug-in хибридни верзии, вклучувајќи го и новиот врвен модел, Astra GSe. А гамата на погонски склопови наскоро ќе биде надополнета со целосно електричната верзија Astra Electric, која ќе биде достапна за нарачка од пролетта 2023 година.

Новата Astra Electric пренесува чиста забава при возење локално без емисија на штетни гасови. Електричниот мотор испорачува 115 kW/156 КС и моќни 270 Nm максимален вртежен момент – и двата модели од првиот допир на педалата за гас, обезбедуваат брзо стартување и убедливо забрзување. Новата Astra Electric има максимална брзина од 170 km/h. Во зависност од преференциите за возење, возачите на Astra Electric можат да избираат помеѓу трите режими Eco, Normal и Sport.

Енергијата се складира во литиум-јонска батерија од 54 kWh. Се гарантира дека новата Astra Electric може да покрие до 416 km локално без емисија во согласност со WLTP. Новата Astra Electric бара само 12,7 kWh електрична енергија на 100 km (14,9 kWh според WLTP), што го прави не само совршено, ефикасно возило за секојдневна употреба, туку и идеален придружник кој заштедува време на подолги патувања – како модел со пет врати или како караван Sports Tourer. Дури и кога електричната Astra треба да се наполни, ова значи само краток „стоп“ на станица на полнење. Astra Electric може да се наполни до 80 проценти од капацитетот на батеријата за околу 30 минути на станица за брзо полнење со директна струја од 100 kW. Дополнително, целосно електричната Astra е стандардно опремена со трифазен вграден полнач од 11 kW за ѕиден полнач дома.

Батериите практично се сместени во долниот дел од каросеријата – така што во внатрешноста не се губи од просторот за патници и багажот. Дури и со исправени задни седишта, Astra Sports Tourer Electric нуди 516 литри простор во багажникот – со склопени седишта, капацитетот се зголемува до 1.553 литри. Друга предност: ниската положба на батеријата, исто така, им дава на Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric безбедна и цврста позиција на патот, како што е типично за Opel.

Новата Astra Electric пренесува директно, динамично чувство при возење на прв поглед. Смел и елегантен дизајн, целосно електричната Astra доаѓа со лицето на брендот Opel Vizor, вклучувајќи дополнителен спортски дизајн на предниот браник во секое ниво на опременост. Друго што привлекува внимание се стандардните 18-инчни алуминиумски фелни со дијамантски сјај или целосниот црн финиш. И овде, новата Opel Astra Electric е непогрешливо јасна: компактната класа на Opel отвора ново поглавје – емотивно, електрифицирано и, за прв пат, целосно електрично.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK