Aston Martin продаде акции на милијардер

ОБЈАВЕНО НА:

Милијардерот Лоренс Штрол (60) го зголеми своето учество во сопственоста на Aston Martin на 20 % откако купи дополнителни акции од британскиот луксузен производител на автомобили.

Конзорциумот управуван од Штрол плати 239 милиони американски долари за 16,7% од акциите на производителот, соопштија од Aston Martin во официјално соопштение.

Aston Martin веќе подолго време беше во потрага по инвеститори кои ќе го поддржат инвестирањето во оваа компанија. Неколку месеци се водеа преговори на релација Aston Martin – Geely, но на крајот потенцијалниот кинески партнер се покажа како несоодветен поради тоа што бараше фундаментални измени во стратешкиот план на компанијата.

Канаѓанецот од еврејско потекло, Штрол, е познат по тоа што е ко-сопственик на Racing Point F1 Team каде неговиот син Ленс Штрол е возач. Поседува богата колекција на автомобили од брендовите на Ferrari, McLaren, Ford, Porsche, Lamborghini…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK