Додека останатите производители ги затвораат фабриките, Aston Martin останува верен на својата земја. Британскиот производител и официјално ја отвори својата нова фабрика на “Островот” каде ќе се произведува новиот модел DBX.
Станува збор за фабриката во Ст. Етан, во Велс, на чие свечено отворање присуствуваше директорот на Aston Martin, Енди Палмер, првиот министер на Велс и други лица претставници на локалната влада.
“Ст. Етан е клучен чекор во испораката на нашиот нов модел. DBX ќе се произведува во новите погони кои се од голема важност во нашиот план за раст” изјави Палмер на свечената церемонија.
Производството на овој модел во новата фабрика се очекува да започне во текот на вториот квартал следната година, а во производството ќе бидат вклучени 600 работници.