Arteon, новата перјаница на VW ќе чини 50.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено е кога некој автомобил ќе се промовира набрзо потоа да почне и продажбата. Но, не е тоа случај со Volkswagen и новиот модел Arteon што беше покажан на саемот во Женева пред неколку денови. Ако живеетe во Германија можете да уплатите за новиот модел, кој во почетокот ќе се нуди само со два мотори.

На промоцијата од VW тврдат дека немаат намера тоа да биде замена за CC, а ќе биде позициониран над актуелниот модел Passat. Продукцискиот модел не се разликува многу од концептниот модел Sport Coupe Concept GTE од пред две години. Иако во VW го карекуваат Coupe со четири врати, тоа сепак изгледа на троволуменски седан со линија на кровот што асоцира на линија зад која се кријат купе возилата.

Како дел од практичноста е и петтата врата каде има голем багажник со зафатнина од 563 литри, што може да се зголеми до 1.577 литри. Наскоро ќе има и караванска верзја од Arteon.

Добро го криеја од јавноста моделот се` до неговото претставување, и тоа беше момент што за првпат сите го видоа возилото што е замена за досегашниот модел CC. И веднаш се отвора можноста за нарачка, прво за германскиот пазар со два мотори за почетокот. Се работи за основните 2.0 литарски турбо четирицилиндрични мотори, бензинскиот со сила од 276 КС, и дизелскиот со 237 КС.

Arteon се заснова на модуларната MQB платформа, а од Passat е подолг за 9,4 см., поширок за 4, а понизок за 2,8 см. Има и зголемено меѓуоскино растојание за 5 см. што најмногу ќе ги радува оние на задните седишта.
Покрај почетните два мотори што веднаш може да се нарачаат, Arteon ќе се нуди со три бензински и три дизелски моторои. Првиот во понудата ќе биде 1.5 литарскиот TSI со 150 КС. Дволитарските TSI мотори ќе се нудат во верзи со 190 и 280 КС.
Четирицилиндричните долитарски TDI мотори ќе се нудат со три различни сил на мотороте, 150, 190 и 240 КС.

Најсилнита модели доаѓаат со двојно квачило и 4Motion со погон на сите четири тркала. Другите опции ќе стигнат набрзо. Нема најава кога првите испораки ќе бидат до купувачите и кога ќе почне испораката на пазарите надвор од Германија.

Цените за Германија се 49.325 евра за бензинскиот TSI мотор и 51.600 евра за TDI верзијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK