Apple ќе прави автомобил со помош на Toyota?

ОБЈАВЕНО НА:

Идниот електричен автомобил може да се појави до 2024 година

Откако кинескиот технолошки гигант Xiaomi официјално објави дека влегува во автомобилската индустрија, сега се појавуваат гласини за слична иницијатива на Apple кои стануваат погласни. Според DigiTimesAsia, познатиот американски технолошкиот гигант е во преговори со Toyota за иден заеднички проект со амблем на Apple.

На почетокот на годинава се појавија гласини дека Apple преговара со Hyundai и некои кинески производители на батерии, но немаше конкретна завршница. За кратко време, вестите за оваа идеја на компанијата престанаа, но сега повторно се појавува во преден план.

Се споменува дека во последно време брендот преговара со компании како што се Panasonic, LG, Samsung и SK Inn, кои се едни од главните.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK