Алуминиумска фолија ве штити од модерните крадци

ОБЈАВЕНО НА:

Колку и да е добра и практична, технологијата за отклучување на автомобил без клуч се покажа како ранлива и овозможи драматичен пораст на кражбите на автомобилите особено во Англија за дури 56 проценти.

Сопствениците на автомобилите би требало да знаат дека можат да ги замотаат клучевите во парче алуминиумска фолија бидејќи на тој начин ќе се оневозможат крадците да им го украдат автомобилот тврди безбедносен стручњак.

Во релативно новата метода на кражба, наречена „релеј кражба“ криминалците користат релејни уреди кои можат да отчитаат сигнали на клучевите на автомобилите. И тоа од пристојна одалеченост, па така е доволно крадците да стојат пред куќата и да успеат да го отчитаат сигналот со кој можат да влезат во возилото.

Меѓутоа, таквите обиди на кражба можат да се спречат на многу едноставен начин. Тоа е со создавање на Фарадеев кафез кој оневозможува следење на електромагнетски сигнали, а алуминиумската фолија го прави токму тоа. За ова стручњаците велат дека не е идеален, но е најефтиниот начин на заштита.

Алтернативно, сопствениците на автомобили можат за малку пари да купат Фарадеев кафез на интернет. Исто како и фолијата, малата кутија од метална мрежа ги блокира сигналите, па крадците на автомобилите не можат да ги уловат.

Драматичен пораст на кражбите

Полицијата потврдува дека хакирањето на клучевите стана нов дел од оперирањето на технолошки напредните банди. Технологијата на отклучување без клучеви им овозможи на возачите веќе да не се замараат со клучеви и место тоа доволно е да притиснат копче на привезокот за отклучување додека моторот се пали со копче во автомобилот.

Истата таа технологија има мани во поглед на безбедноста. Крадците на автомобили сфатија дека на Amazon или на eBay за околу триста долари можат да купат релејни кутии кои го засилуваат сигналот и додека вие сте дома можат да ви го украдат автомобилот за неколку секунди. Уредот го лови сигналот на привезокот кој служи како клуч и го користи сигналот за отклучување и палење на автомобилот.


Произведувачите на автомобили ќе мора да пронајдат начин комуникацијата меѓу клучот и автомобилот да не се реплицира. Сепак, ова ќе биде тешка задача.

Според податоците од уредот за статистика во Англија и во Велс минатата година се украдени 89.000 автомобили што значи дека во просек „исчезнуваат“ по десет возила на секој саат. Тоа е скок за 56 проценти во однос на 2016 кога се украдени 57.000 возила. Овие бројки сериозно го доведуваат во прашање тврдењето на произведувачите дека автомобилите никогаш не биле посигурни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK