Alfa Romeo повлекува „дури“ 9 автомобили порди проблеми со ABS-от

ОБЈАВЕНО НА:

Се навикнавме да читаме вести за стотици илјади повлечени автомобили од повеќе брендови, но стигна и официјална потврда дека Alfa Romeo ќе повлече само девет автомобили од моделите Giulia и Stelvio.

Се работи за автомобили продадени во САД во периодот од 4 февруари 2019 година и 10 февруари 2021 година. Седум од нив се од моделот Stelvio, а само два од моделот Giulia.

Причините за повлекувањето, како што наведуваат од американската дивизија на Stellantis, се проблеми во ABS системот што во одредени ситуации може да предизвика проблеми при возењето, а со тоа да се наруши безбеднста на патниците и другите учесници во сообраќајот.

Причината зошто се повлекува волку мала бројка на автомобили произлегува од лошата продажба на Alfa Romeo на овој пазар како и малата продажба од наведената серија на американскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK