Се чинеше дека од Alfa Romeo и не се шегуваа кога кажаа дека во наредните три години брендот ќе доживее вистинска експанзија. Трудејќи се да ја врати славата од 90-те години, италијанскиот производител изминатиот период ги претстави моделите Giulia, Stelvio како и концептот Tonale, а сега на големо го најавува и моделот GTV.
Од неофицијалната фотографија која се појави на интернет може да се види дека центарот за дизајн на Alfa Romeo ја има аплицирано истата дизајнерска филозофија како и кај концептот Tonale, а тука се и препознатливите бандажи.
Во производство овој модел се очекува да се појави следната година, додека саемската премиера на концептот може да се случи и кон крајот на годинава. Засега нема многу официјални информации околу техничките карактеристики на овој модел. Се очекува да биде најмоќен во понудата на Alfa Romeo, а за таа цел ќе располага и со мотористика од Ferrari.
Со комерцијализацијата на овој концепт практично ќе значи дека италијанскиот производител повторно ќе го оживее моделот кој се произведуваше се од 2005 година.