Alfa Romeo Giulia ги зазеде првите три места во изборот на читателите на германскиот магазин SPORT AUTO. Ограничената серија на модели на Giulia GTAm ја освои наградата во категоријата „Сериски седани / каравани со цена од над 100.000 евра“ во конкуренција за увезени автомобили.
Alfa Romeo Giulia Veloce се искачи на врвот на ранг-листата за увозни автомобили во категоријата „Сериски седани / каравани со цена под 75.000 евра“.
Овој успех потврдува дека италијанскиот седан е еден од најпопуларните автомобили меѓу читателите на истакнатото специјализирано списание SPORT AUTO, кое во претходните години редовно доделуваше награди за моделот Alfa Romeo Giulia.
Наградата на „SPORT AUTO“ одлично го отсликува расположението на љубителите на спортски автомобили во Германија, каде што е непрекинат ентузијазмот за моделот Alfa Romeo Giulia.
Во категоријата „Сериски седани / каравани со цена под 75.000 евра“ за увозни автомобили, првото место го освои Alfa Romeo Giulia 2.0 Turbo Veloce, во конфигурација 2.0 Turbo со 280 КС.
Моделот Giulia Quadrifoglio по петти пат по ред го освои првото место во категоријата „Сериски седани / каравани со цена под 100.000 евра“. Моделот Giulia Quadrifoglio е опремен со 2.9 V6 Bi-Turbo мотор од 510 КС.
Изборот за наградата „SPORT AUTO“ за 2021 година годинава се одржа по 29-ти пат. Повеќе од 15.400 читатели на магазинот SPORT AUTO го искажаа своето мислење гласајќи во изборот на 234 автомобили, во 28 категории.