Alfa Romeo ги распродаде сите 500 примероци од Giulia GTA

ОБЈАВЕНО НА:

По повеќе од една година откако Alfa Romeo ја објави ограничената серија Giulia GTA, сега компанијата објави дека сите 500 возила што бил епланирани се продадени. Од Alfa Romeo велат дека Giulia GTA, што најмоќниот автомобил во историјата на марката, нашле клиенти низ целиот свет, вклучително и Кина, Јапонија и Австралија. Тоа според италијанскиот брен е огромен успех.

Од компанијата секогаш сакале Giulia GTA да биде автомобил за колекционери.Возилото го има амблемот на 110 роденден на Alfa Romeo. Тоа е последниот „чисто бензински мотор“ пред доаѓањето на електрификацијата, што секако ќе ја зголеми цената на автомобилот во иднина.

Моделот Giulia GTA е опремен со би-турбо V мотор од 2,9 литри со шест цилиндри, кој е способен да генерира максимална моќност од 540 КС. Користејќи „ланч контрол“ на моделот му требаат 3,6 секунди да забрза до 100 км/ч.

Иако главниот фокус на Alfa Romeo Giulia GTA, чија основна цена беше поставена на 175.000 евра, е да се оптимизира тежината со употреба на композитни материјали, автомобилот има и импресивен аеродинамичен пакет дизајниран да ја подобри стабилноста на автомобилот при голема брзина.

Giulia GTA доаѓа стандардно со издувниот систем Акраповиќ, интегриран карбонски заден дифузор, 20-инчни алуминиумски фелни со централна навртка, оптимизирана суспензија, зголемена предна и задна страна за 50 мм чекор, тапацирана со преден панел Алкантара….

Следете не и на:

24AUTO NETWORK