Alfa и Maserati стануваат кинески брендови?

ОБЈАВЕНО НА:

После смртта на  шефот на Alfa Romeo, Серџо Маркионе кој откажа да го продаде брендот на Volkswagen, во концернот Fiat Chrysler се појавија сериозни поместувања. Групата станува сè поамерикански ориентирана, па во моментов најважниот бренд во неа е Jeep и соодветно и пазарот во САД.

Сè помало е барањето на моделите на Alfa Romero и Maserati, а тоа ги тера Италијанците да не вложуваат пари во развој на нови модели. Дури може да се стигне и до таа мерка, да дојде до продавање на двата бренда. Иако информацијата уште не е официјална се појавија информации дека автомобилскиот гигант од Кина, Geely е заинтересиран да ги купи двата култни бренда.

Колку за потсетување, Кинезите од Geely веќе се сопственици на Volvo и Lotus. Сопственикот Ли Шифу инвестираше и во подбрендот на Volvo наречен Polestar, кој има за цел да прави автомобили на иднината односно електромобили и хибриди. На почетокот на минатата година Шифу купи 9,7% од акциите на концернот Daimler AG и тоа за 9 милијарди долари.

Со оглед на тоа што имаат неограничени финансиски можности на Кинезите и тоталното опаѓање на продажбата на автомобилите со брендовите Alfa Romeo и Maserati, нивното преминување под капата на Geely веќе не изгледа така далечно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK