Ако Трамп биде претседател на САД: Ќе ги зголеми царините за 200% или 500%

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја земја се обидува да ја заштити својата економија, а во последно време автомобилската индустрија е под голем притисок од Кина, која има голем апонуда особено на електрични возила по многу пониски цени. Во САД е кампањата за претседателските избори, а еден од кандидатите Доналд Трамп најави радикални мерки.

Зборувајќи со Марија Бартиромо, водител на „Сандеј фјучерс“ на Фокс њуз, Доналд Трамп го брани својот економски план за значително зголемување на царините.
Планот доби многу критики, вклучително и од конзервативниот Wall Street Journal (WSJ), кој објави дека идејата на Трамп да ги зголеми царините – за 200% – може да има сериозни негативни ефекти.

Кога Бартиромо го праша за извештајот на WSJ, Трамп рече дека царините ќе го вратат производството на автомобили во САД и ќе ги „заштитат“ американските производители на автомобили.

„Ќе ставам 200% или 500%, не ми е гајле, се додека не можат да продадат еден автомобил овде. Не сакам да им наштетат на нашите автомобилски компании“, рече Трамп.

„Нема да им дозволиме да продаваат автомобили од нова убава фабрика, во сопственост на Кина, која е во Мексико… и да ги уништат автомобилските компании што ни останаа“, рече Трамп.

„Имаме златен пазар. Имаме пари. Ако продолжиме да работиме како во последните три до четири години, ќе го изгубиме сето тоа“, заклучи Трамп.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK