Кога возилото ќе остане дефект на пат наједноставно е да се обидете самите да го поправите проблемот или да повикате пријател. Ако и тој незнае како да ви помогне, една од варијантите е истото возило да го влечете до најблискиот сервис, или до дома. Но, дали е тоа безбедно и дали не ризикувате да бидете казнети од полицијата?
Што во ситуација ако треба да го влечете возилото. Според Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата на автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смее да се вклучи моторно возило што влече друго моторно возило, кое заради неисправност или недостиг на одделни делови не може да се движи.
По исклучок влечење на возилото е дозволено по автопат, експресен пат односно на пат резервиран за сообраќај на мотори возила, ако причината за влечење настанала за време на движењето на моторното возило по автопатот, експресниот пат односно по патот резервиран за сообраќај на моторни возила, но само по крајната десна сообраќајна лента до првиот приклучен пат по кој влеченото возило може да се исклучи од сообраќајот на автопатот, експресниот пат односно патот резервиран за сообраќај на моторни возила.
Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата на овој член.
Мандатен платен налог со глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на овој член.