Возилата на електричен погон ќе бидат иднината кај автомобилите, а од Skoda најавија дека од 2020 година прават голем чекор напред и почнуваат да произведуваат автомобили кои ќе бидат на чисто електричен погон. Година пертходно Skoda ќе почне да произведува компоненти за хибридните модели така што ова ќе биде целосно менување на начинот на работа.
„Иднината на Skoda ќе биде во електричните модели. До 2025 година планираме да понудиме пет различни модели коишто ќе бидат исклучиво на електричен погон“, вели извршниот директор на SKODA AUTО, Барнард Мајер.
Првата електрифицирана серија ќе биде лансирана во 2018 година. Skoda Superb, кој ќе биде со plug-in хибриден погон ќе биде на производната трака во местото Квасини. Потоа во Млада Болеслав во 2020 година ќе биде произведен првиот модел на батерија.