вторник, 26 април, 2026 година

Volkswagen Lupo се враќа – електрична ренесанса на култниот модел под 20.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По 20 години пауза, Volkswagen Lupo, најмалиот и еден од најомилените модели на германската марка, повторно ќе се појави на сцената – овој пат како електричен градски автомобил. Премиерата е закажана за 2027 година, а цената ќе биде под 20.000 евра, што ќе му овозможи да стане најевтиниот електричен модел во понудата на VW.

Од дизел штедливец до „зелено“ градско возило
Оригиналниот Lupo (1995–2005) беше познат по исклучителната економичност, особено верзијата 3L, која трошеше помалку од 3 литри дизел на 100 км. Подоцна, негов духовен наследник стана моделот Volkswagen up!, кој се произведуваше од 2011 до 2023 година.

- Advertisement -

Новата генерација, пак, ќе го носи префиксот ID. и ќе ја следи насоката на електрификација. Иако првично се мислеше дека моделот ќе се вика ID.1, сè почесто се шпекулира дека ќе го добие името ID. Lupo, враќајќи носталгичен белег во понудата на Volkswagen.

Базирано на концептот ID. Every1
Новиот модел ќе се развива врз основа на концептот Volkswagen ID. Every1, кој има должина од 3.880 мм – нешто поголема од поранешниот up!. Концептот располага со електромотор од 95 КС, поставен на предната оска, со максимална брзина ограничена на 130 км/ч. Иако батеријата не е детално претставена, познато е дека ќе нуди домет од околу 250 км со едно полнење – доволно за секојдневно урбано користење.

Електричен автомобил достапен за сите
Со најавена цена под 20.000 евра, новиот ID. Lupo ќе се позиционира како „народен електричен автомобил“ и ќе им конкурира на поевтините модели од азиските производители.

Ова претставува и стратегиски потег на Volkswagen во време кога електрификацијата во Европа се одвива побавно од очекуваното, а конкуренцијата од Кина станува сè посилна.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја