Која боја на возилото најмалку губи од вредност при продавање?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува нов автомобил голема улога при изборот влијае и бојата, и таа го покажува и индивидуалниот карактер на сопственикот, а многу најчесто токму тоа е пресудно, и повеќе од нивото на опременост. Но, колку бојата на возилото влија на вредност на возилото ако решите истото да го продадете, осносно сакате да купите половно?

Според студија направено во Бостон преку пребарувачот за нови и користени автомобили iSeeCars, вредноста возилата паѓа за околу 33,1% во првите три години на употребата, но кај оние што имаа жолта боја тој процент е само 27%. Од другата страна на листата се „златни“ автомобили, при што се гледа сериозно зголемување до 37,1%.

“Жолтите автомобили се релативно ретки, што би можело да го привлече вниманието и да помогне за подобра цена на возилото”, коментираат од iSeeCars.

Со показатели под просекот од 33,1% се исто така портокалова, зелена, бела и црвена боја. Сината, кафеава, сивата и црнат се во границата од 2% над просекот со показател од соодветно 33,5%, 33,5%, 33,5% и 33,6% на средна амортизација. Беж, пурпурна и златна боја се на дното на листата со резултат од 36,6%, 36,7% и 37,1%.

Од iSeeCars коментираат сепак, дека бојата не е пресуден за брзото продаване на автомобилот. Според податоците на компанијата, автомобилите со жолта боја наоѓаат нов сопственик просек за 41,5 дена, портокаловите за 38,1%, а зелените за 36,2%, при просек од 36,5 дена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK