Автопилотот на Tesla ќе се користи и кај други автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, официјално потврди дека производителот на автомобили е во разговори со големите производители за користење на неговиот Autopilot. И додека до пред некој ден се зборуваше за еден производител, сега Маск изјави дека се работи за неколку големи производители на автомобили.

Тоа е напредниот систем за самостојно возење (FSD) на Tesla, кој може да ги автоматизира задачите при возење на автопати и градски улици. Доколку другите производители на автомобили користат FSD технологија, тогаш ќе мора да го користат и софтверот и хардверот на Tesla.

Во третиот квартал од оваа година, компанијата ќе одобри и пренесување на софтверот FSD на новите возила на марката. Засега, сопствениците на Tesla кои потрошиле 15.000 долари на FSD се врзани за еден автомобил, бидејќи софтверот останува на тој автомобил и не може да се префрли на нов.

Според официјалните податоци објавени од Tesla, околу 400.000 возила на Tesla опремени со FSD веќе се на светските патишта. Целта на производителот на автомобили е да го зголеми бројот на самоуправувачки автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK