Германскиот производител на моторно масло Liqui Moly го претстави својот најнов календар со девојки за следната 2018 година. За годинашното издание, тие претставуваат со автомобилите кои се тјунирани од познатата работилницата Hamming Tuning.
Сличен календар се појави минатата недела, Мис Тјунинг 2018, но производителите на масло не дозволија многу да биде вниманието на тој календар, туку понудија нешто ново, и тоа во видео формат. Нормално ѕидниот календар е направен во лусксузно издание, а ова видео покажува како се снимаше календарот.
Како минатата година, Liqui Moly објави две верзии на календарот – условно пристоен и категорија 18+ со речиси целосно соблечени модели. Во Европа календарот може да се нарача за 17,99 евра.
https://youtu.be/ntLG55S7Ftg