Opel со нова „молња“ во амблемот

ОБЈАВЕНО НА:

Opel го откри новиот изглед на својот исконски амблем, „Blitz“, кој ќе се појави на возилата веќе во 2024 година. Тој ќе продолжи да претставува централен елемент на Opel компасот, една од главните карактеристики на Риселсхајм.

Се заснова на возбудливата и посебна дизајнерска филозофија на производителот на автомобили, додека истовремено продолжува гордо да биде централно позиционитан на  Opel Vizor. „Гром“ или „Blitz“ на германски е тесно поврзан со електричната енергија, воедно претставува идеален амблем за симболизирање на пристапот на Opel, кон ерата на електромобилноста.

Нашиот „Blitz“ е поактуелен од кога било досега. Тоа не само што ја симболизира нашата посветеност на демократизацијата на иновациите и мобилноста, туку ја претставува и нашата посветеност кон трансфромацијата, кон целосно електричен бренд во Европа до 2028 година. Оваа година, во нашето портфолио, веќе ќе имаме 15 електрифицирани модели и со гордост можеме да кажеме дека Opel се развива во електричен бренд“, изјави Флориан Хуетл, Извршниот директор на Opel.

Blitz“ е икона за нашата филозофија, за смелост и елеганција. Изострениот, самоуверен нов „Blitz“ го вкрстува елегантниот потпорен прстен, давајќи му на нашиот исконски амблем прогресивен и модерен изглед. Добро е познато дека компасот е столбот на нашите предени, задни и внатрешни дизајнерски елементи“, изјави Марк Адамс, Потпретседателот за дизајн.

Во наредните години, германскиот автомобилски производител, постепено ќе го аплицира новото „Blitz“ лого низ своето портфолио на производи. Првиот модел во 2024 година, кој ќе има свое сериско производство ќе го носи и новиот изглед на „Blitz“.

Извршниот директор на Opel, Флориан Хуетл, најави дека новиот амблем ќе биде претставен уште оваа година: IAA Mobility е еден од најголемите саеми за автомобили во светот. Затоа за нас претставува совршена локација, пред масовната меѓународна публика, гордо да го претставиме нашето ново лого „Blitz“. Понатаму, планираме и изненадување… Посетителите ќе бидат воодушевени на нашето присуство во Минхен“, изјави тој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK