Како изгледа верижна несреќа со над 200 автомобили поради густа магла (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога има густа магла секогаш се препорачува ванимателно возење. Но, понекогаш не се внимава на состојбите на патот, и затоа има и чести сообраќајни несреќи.

Во верижна несреќа во која учествуваа повеќе од 200 возила, во средата беше затворен главниот пат во кинескиот град Женгжу.

Несреќата се случила на мост, а главната причина за неговото создавање е густата магла која можете да ја видите на видеото. За жал, во несреќата едно лице загина, а други се повредени и пренесени во болница.

Според информациите од локалните медиуми, на местото на настанот пристигнале речиси 80 екипи на противпожарната служба за да помогнат. Како што може да се види од снимката, некои од автомобилите претрпеле помали оштетувања, додека други се потешко оштетени.

Потсетуваме дека на почетокот на годинава сличен инцидент се случи и во САД. Во неа учествувале двојно повеќе автомобили, а повторно главна причина за несреќата биле лошите временски услови и замрзнатите патишта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK