Потврда од Volkswagen: Новиот ID.3 е подготвен и ја чека својата премиера

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen официјално ќе го претстави новиот ID.3 следната пролет. Мисијата на втората генерација на ID.3 е да стане најновото поглавје во успешната приказна на семејството на модели ID. До денес, над половина милион возила од ID семејството се испорачани на клиентите ширум светот kористејќи ја основата на модуларната архитектура за модели со електричен погон (MEB). ID.3 моментално се произведува во германските погони на брендот во Цвикау и Дрезден.

Следната година, сепак, мрежата на производствени капацитети ќе се прошири со додавање на главната фабрика на Фолксваген во Волфсбург. Овој чекор има за цел да одговори на растечката побарувачка на потрошувачите за целосно електрични автомобили во компактната класа.

Новиот ID.3 е опремен со најновата генерација на софтвер што ја зголемува ефикасноста на системот и може да се ажурира OTA (over-the-air) преку мобилната податочна мрежа. Покрај тоа, стандардниот пакет на опрема е значително збогатен и сега вклучува екран со дијагонала од 12 инчи (30,5 сантиметри) на таблата со инструменти, подвижен под на багажниот простор и централна конзола со два држачи за пијалоци.

Голем број функции како што се Plug & Charge и EVRP (Electric Vehicle Route Planner) интелигентно планирање на маршрутата приспособено на барањата на електричните возила го прават патувањето и полнењето на новиот ID.3 уште полесно и поудобно.
Во ажурираниот ID.3, инженерите на Volkswagen, исто така, ја имплементираа најновата генерација на целосно интегрирани системи за помош, а особено впечатливи примери во овој поглед се опционалниот систем за помош при патување со Swarm Data и системот за помош при паркирање Plus со функција за меморија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK