Нов автомобилски бренд – Izera, доаѓа од Полска, електричен и со кинеска технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Индустрискиот гигант Zhejiang Geely Holding Group (Geely Holding) објави дека компанијата се согласила да ја лиценцира својата архитектура SEA (Sustainable Experience Architecture) за целосно електрични возила на ElectroMobility Poland (EMP), производител на електрични возила кој може да се пофали со поддршка од локалната власт.

Со лиценцирањето на својата архитектура и со влегувањето во соработка во форма на технолошки партнер, Geely Holding ќе одигра главна улога во реализацијата на иницијативата за создавање на целосно нов полски автомобилски бренд – Izera.

Идната визија на ElectroMobility Полска за брендот Izera предвидува развој на неколку целосно електрични модели базирани на модуларната платформа SEA, која овозможува создавање електрични возила со меѓуоскино растојание од 1.800 до 3.300 mm.

Првата понуда на пазарот ќе биде компактен SUV модел. Следните чекори во развојот на производот предвидуваат караван од C-сегмент и хечбек.

За да ја реализира својата иницијатива, ElectroMobility Poland ќе изгради целосно нов производствен капацитет, во кој ќе бидат вработени 2.400 луѓе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK