Во денешно време, многу моќни автомобили се опремени со мотори со четири цилиндри, но Френк ван Миле шефот на M одделот на BMW, вели дека таквите мотори не се соодветни за „набилданите“ модели на баварската марка.
Ван Миле во интервју за CarBuzz открива дека BMW M повеќе не планира да произведува модели со три и четири цилиндрични мотори. Другите производители имаат тенденција да ги опремуваат своите компактни спортски автомобили со такви мотори.
На пример, новиот Mercedes-AMG C63 доби засилен 2.0-литарски турбо четирицилиндричен агрегат со моќност од 475 коњски сили, додека Toyota GR Corolla и GR Yaris се опремени со уште помали мотори од 1.6 литри, од кој Јапонците „исцедија“ 300 коњи.
Сепак, шефот на BMW M рече дека таквите мали единици не се погодни за модели со индекс М. Единствениот автомобил М што некогаш имал четирицилиндричен мотор бил оригиналниот BMW M3 (E30), произведен во доцните 1980-ти.
Ии покрај сеопфатната мода за електрификација, M-моделите ќе ги задржат своите импресивни линиски шест и V8 мотори.