Секој што ќе го прекрши законот ќе биде обвинет за прекршок од прв степен, ќе плати казна до 1.000 долари и ќе му биде суспендирана возачката дозвола на една година.. Секој следен прекршок казната е уште повисока..
Во еден од најновите потези на властите за сузбивање на нелегалните улични трки, во Флорида стапи на сила новиот закон кој забранува вакви улични настани. Предлог-законот беше едногласно усвоен од пратениците и беше потпишан во закон од гувернерот Рон Де Сантис на 9 јуни.
„House Bill 399“ конкретно забранува улични трки, драг трки, дрифтање на јавни патишта. Законот е доста сеопфатен, со цел да ги спречи автомобилите да учествуваат во какво било недозволено дејство на улица, акробатско возење, тркаи, драг трки…. и други дејствија со кои може да се загрози безбедноста на патиштата.
Исто така, го казнува возењето од патничките седишта на овие настани, гледањето, снимањето и споделувањето што било за овие настани на социјалните мрежи. Дополнително, законот треба да го запре обложувањето на која било трка, било да е тоа лично или на социјалните мрежи.
Секое лице кое ќе го прекрши HB 399 ќе биде обвинето за прекршок од прв степен, ќе плати казна до 1.000 долари и ќе му биде суспендирана возачката дозвола на една година.
Вториот прекршок во рок од пет години од првиот добива нова прекршочна пријава, повисока казна до 3.000 долари и две години без возачка.
Трет прекршок ги зголемува шансите за парична казна до 5.000 долари и четиригодишна суспензија на возачката дозвола.
Возилата запленети во било какви улични апсења на вакви настани може да бидат задржани на 30 дена. Ако тој автомобил е дел од второто апсење во рок од пет години од првото, може трајно да му биде конфискуван. И гледачите може да очекуваат да бидат обвинети за „некривичен сообраќаен прекршок“ или прекршок за движење.