Aston Martin DB5 од филмот “No Time to Die” продаден за 3,2 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Во најновиот филм за британскиот агент Џејмс Бонд, наречен „No Time To Die“, се појавуваат модели на Aston Martin од различни епохи, а еден од нив е продаден на аукција за висока цена.

Станува збор за реплика на моделот DB5 кој се користел за снимање, а е продаден за дури 3,2 милиони долари, односно поскапо од оригиналните модели кои се продаваат на пазарот. Тоа е еден од осумте автомобили произведени од Aston Martin за снимањето на филмот. Функционални гаџети како што се ротирачки регистарски таблички, оружје и слично се дел од автомобилот.

Автомобилот е продаден на хуманитарна аукција во Лондон.

Сепак, тој не е единствениот продаден Aston Martin, бидејќи класичниот V8 Vantage од 1981 година, кој беше користен и во филмот „No Time To Die“, исто така беше продаден за 703.000 долари. DBS Superleggera 007 Edition достигна цена од 449.000 долари. Сите средства одат во хуманитарни цели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK