По пауза од 20 години македонски рели тим настапи на трка – и победи во нивната класа

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот проект за прв македонски рели тим имаше успешно деби, откако екипажот во состав Владимир Димушевски – Бранко Гушиќ го завршија дебитантски настап на Рели Мионица во Србија. Нашиот тим го освои 10. место во рели шампионатот на Централно Европската Зона, Нашиот екипаж беше најдобар во нивната класа RC5 која се бодува за отвореното рели првенство на Србија, а севкупно беа 12. од 25 екипажи колку што се натпреваруваа на релито.

Настапувајќи Hyundai i20 Coupe RC5 подготвено и со поддршка од бугарскиот рели тим MSA Motorsport Academy, Димушевски и Гушиќ по пауза од повеќе од 20 тина години се првите македонски автомобилисти со настап на меѓународна рели трка.

Релито Мионица беше поделено на 7 брзински испити, а севкупен победник беше домашниот возач Лазар Миловановиќ со Ford Fiesta пред Бугаринот Антон Титов со Skoda Fabia R5.

Поранешниот трикратен шампион на Македонија на кружни патеки, Димушевски по пауза од 10 тина години, со овој настап повторно се враќа во активно натпреварување како дел од проектот за формирање на македонски рели тим заедно со некогашната легенда на македонскиот автомобилизам, неговиот татко Александар.

Бранко Гушиќ (лево) – Александар Димушевски – Владимир Димушевски (десно)

Како за прв настап, примарна цел на Димушевски и Гушиќ беше собирање на искуство за ваков тип на натпревари, навикнување на возилото и тимот и пред се, да се успешно да се комплетира целото рели.

„Задоволни сме од настапот, се беше супер. Можевме и подобро, имавме шанси и за топ 10 финиш во генерала, но последната седма етапа беше многу тешка и комплицирана, па решивме да не ризикуваме, да возиме за да го завршиме релито и да го сочуваме автомобилот. Се на се, навистина ова беше една многу успешна лекција, научивме многу работи, функциониравме одлично како тим и мислам дека можеме да постигнеме и подобри резултати на идните трки“, вели Владимир Димушевски.

Македонскиот тим се надева дека сезонава ќе успее да се натпреварува на неколку други рели трки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK