Посебно Audi што вреди повеќе од милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот наскоро ќе биде достапен на аукција организирана во Монако.

Старите возила се на цена, но некои автомобили поради реткоста добиваат уште повеќе на цена. Тоа е случај со совршено зачувано Audi Sport quattro. Со оглед на неговата реткост, неговата речиси нова состојба и 2.785 километри прикажани на километражата, автомобилот би можел да собори рекорд на аукцијата организирана од RM Sotheby’s во Монте-Карло на 14 мај.

Автомобилот се проценува меѓу 750.000 и еден милион евра. Но, како и често со овој вид на реткост, неговата цена може да се искачи многу над проценките. Се зависи од они ешто ќе наддаваат и нивнат аљубов кон овој бренд.

Што го прави ова Audi толку посебно? Покрај својата ексклузивност, Sport quattro има и многу посебна историја. Моделот е роден во раните 1980-ти како радикална еволуција на првите модели со погон на четири тркала од германската фирма.

Лансирањето на ова ново Audi беше неопходно за да се излезе во пресрет на конкуренцијата, почнувајќи од Peugeot 205 Turbo 16 и легендарната Lancia 037. Вака Audi Sport quattro ја виде верзијата со 32 cm пократко меѓуоскино растојание од неговиот претходник (quattro A1 и A2) и опремен со малку помал, но и помоќен мотор.

Audi Sport quattro на аукција

Меѓутоа, за да учествува на светскиот шампионат, Audi мораше да произведе најмалку 200 примероци хомологирани за патишта и изведени од моделот на конкуренцијата. Вака на нашите патишта пристигна Sport quattro.

Моторот, со зафатнина од 2.133 см3, е способен да испорача 306 КС и 370 Nm. Автомобилот е опремен со 5-брзински мануелен менувач, три диференцијали (централно заклучување и задно) и погон на сите тркала. Sport quattro беше долг само 4,16 метри и тежок само 1.298 килограми. Перформансите беа одлични за тоа време со 4,8 секунди од 0 до 100 km/h и 250 km/h во максимална брзина.

Според тоа, перформансите се сосема споредливи со оние на модерен спортски автомобил како, на пример, новиот Audi S3. Цената, сепак, беше многу помалку достапна од S3 денес.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK