Теренци во кабриолет изведба? Тоа не честа глетка, но некои производители и тоа го имаат во понудата. Тоа го нема кај Land Rover, но затоа Heritage Customs го решава проблемот, па ќе ви понуди и кабриолет варијанта од моделот Defender.
Холандскиот тјунер веќе почнал да прима нарачки. Но, само пет примероци ќе бидат произведени од овој ексклузивен модел наречен Valiance. Врз основа на Defender 90 со три врати понудени се три теми и комбинации на бои: Cote d` Azur, Solihull Sand и Kokkini Paralia. Имињата секако асоцираат на море, песок, пажа..
За да се возите во Valiance, ќе мора да ја ставите подлабоко раката во џеб. Претворањето на возилото во кабриолет сè фактурира на 84.700 евра, и тука не се зема предвид вредноста на возилото пред неговата трансформација. Тоа значи дека ќе ви треба добар буџет знаејќи дека Defender 90 се продава по цена од над 50.000 евра. Така, за „клуч на рака“, Valiance ќе ве чини нешто повеќе од 140.000 евра.
Производството на сите пет единици на Valiance Defender Convertible ќе започне подоцна годинава. Секако, ако оваа конверзија е успешна, не може да се исклучи дека тјунерот ќе произведува други единици за да ја задоволи побарувачката на своите клиенти.