Стојковски пред првата Twingo Cup трка: Научивме да возиме “безобразно“ без никого да навредиме и повредиме

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот авто спорт викендов ја отвара сезоната со Twingo Cup трката на Хунгароринг, каде деветмина Македонци ќе се испробаат во конкуренција на 33 возачи од шест земји. Ова е втора сезона како малите Twingo возила ќе „брчат“ на европските патеки, а овојпат македонските возачи „сфатија“ како подобро да остварат резултат кога покрај себе имаат ривали со подеднако подготвени возила.

Утре, сабота се квалификации за пол позицијата, а во недела треба да се возат двете трки.

„Ние сме подготвени максимално. Голем фактор е среќата да те служи. Тоа се куп возил, и најдобрите може да кикснат, а најлошите да имаат добар резултат. На квалификации ако видиш нешто дека е добро, на трка не може да се искористи. Годинава првпат ќе бидеме на исто рамниште, бидејќи имаме исти предиспозиции. Треба да имаме и поздрави мотори. Затоа очекувам да бидеме поконкурентни, позрели…, вели Ангелче Стојковски

Тој лани на двете трки на Хунгароринг заврши во Топ-10. Го има искуството зад себе од возење во Twingo Cup.

„Трема не постои. Го гледаш тој пред тебе и толку. После првиот круг се е јасно, знаеш веќе како е. Сега сме ги возеле и ние истите трки, и знаеме што да не очекува. Постојано се вози на максимум и се користи секој ресурс да имаш добар резултат. Не е дозволено ни најмала грешка. Едно отпуштање порано на гаста, исто многу значи. Секој кикс многу чини. Сфативме кој е трикот на тоа „безобразно возење“ а да не навредиш и повредиш никого и да се здржиш на таа позиција, вели Стојковски.

Покрај во Унгарија сезонава ќе се возат трки и на патеките Ред Бул Ринг во Австрија, на Гробник во Хрватска, кај Брно во Чешка, на Серез, Грција и на Монца Италија

Од пријавени се 33 возачи од шест држави во Twingo Cup, најбројни се оние од Словенија, а од Македонија ќе има девет возачи. Ќе има и возачи од Србија, Италија, Чешка и Австрија. Во првенството на Македонија ќе се борат девет возачи. Петмина се членови на АКК Рено Спорт Скопје, двајца се од Свифт рејсинг, и по еден член имаат АКК Проспорт и АКК Сити Скопје. Ќе има и двајца дебитанти кои ќе возат на познатите патеки во Европа заедно со другите натпреварувачи. Тоа се Борис Стојменов и Мурис Хамзиќ, кои ќе бидат во возила на AKK Рено Спорт Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK